Кои се најплатените кошаркари во НБА по минута?

Најсилната кошаркарска лига во светот веќе еден месец е принудно стопирана. Пандемјата со Коронавирусот направи сите спортисти дополнително да мируваат. Додека трае неизвесноста за тоа кога ќе продолжи битката на паркетот, Американците извадија интересна статистика. Кои се најплатените играчи во лигата според бројот на минутите поминати на терен?

Поради најразлични причини (повреди, лоша форма…) голем дел од играчите сезонава повеќе паузираа и беа надвор од теренот, иако имаат богати договори. На листата на најплатени кошаркари според бројот на минутите кои ги имаат одиграни е играчот на Атланта, Чандлер Парсон.

Овој кошаркар има навистина богат договор, па оваа сезона му следуваат нешто повеќе од 25 милиони долари. За оваа сума која треба да ја добие, Парсон сезонава има одиграно само 54 минути. Тоа значи дека Јастребите за секоја минута помината на терен, на Парсон ќе му исплатат нешто повеќе од 460.000 долари.

Втор на листата е Рајан Андерсон од Хјустон. Овој играч има годишна плата од 5.214.583 долари, а досега одигра само 14 минути. Тоа значи дека за секоја минута помината на терен ќе добие 372.470 долари.

Во продолжение може да ја видите листата на Топ 10 кошаркари по заработувачка според бројот на минутите поминати на терен.

- Оглас -

Најнови вести