Кој чека, ќе дочека, лани во август уплати тикет, дури сега му излезе добитен (Фото)

Играч на Sport Life е доказ дека трпението понекогаш се исплати. Обложувач во Пробиштип во август минатата година уплатил 1.000 денари, и неделава тикетот му испадна добитен и си доби 15.450 денари нето.

Имено, тој уште на почетокот од фудбалската сезона одигра две игри на тикет дека Аргентина ќе стане светски шампион и дека Барселона ќе ја освои титулата во Ла Лига.

Во декември минатата година Гаучосите предводени од Лионел Меси по третпат станаа светски шампиони откако во финалето ја совладаа Франција по подобро изведување на пенали.

Во неделата, Барселона со победата над градскиот ривал Еспањол од 4:2, на четири кола до крајот на сезоната и математички ја освои титулата и му донесе убава и слатка заработка на обложувачот од Пробиштип.

- Оглас -

Најнови вести