Кој да игра против моќната машинерија од Минхен? Баерн го декласира Шалке за половина час (Видео)

Баерн Минхен продолжи да гази во препознатлив стил, што го доведе тимот до титулата европски првак, а баварската фудбалска машинерија нема проблеми на стартот од новата сезона и во Бундеслигата.

За само половина час со три гола го декласираа Шалке 04 и водат со 3:0 по првото полувреме. Серж Гнабри со експресен погодок во четвртата минута потврди кој е апсолутен фаворит на премиерата во Германија.

Само 15 минути подоцна Леон Горецка беше прецизен по одличното додавање на Томас Милер и веќе беше јасно кој ќе победи на „Алијанц арена“ во Минхен.

Со гол од пенал нова успешна сезона најави и Роберт Левандовски во 31. минута. Ланскиот најдобар стрелец во Бундеслигата рутински погоди и го совлада немоќниот голман на гостите Ралф Фарман.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести