Кој е човекот што од клупата го водеше Баерн против Бенфика?

Главниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, не можеше да го води тимот во победата од 4-0 на гостувањето кај Бенфика бидејќи се разболел (имал симптоми на грип) и останал во хотел, па од таму телефонски се координираше со своите соработници Дино Топмелер и Ксавер Земброд.

„Тој е болен, но даваше совети од хотелската соба. Тој ги донесе одлуките и за сите измени. Честитките за победата треба да одат на негова адреса. Уживав, но не беше пријатно на неколку минути пред мечот да дознаеш дека првиот тренер нема да биде со тимот. Се надевам дека Нагелсман брзо ќе оздрави“, изјави Топмелер, кој имаше улога на главен тренер и од клупата и крај аут-линијата го водеше тимот во Лисабон.

Баерн со четири гола во последните 20 минути славеше со 4-0 и сега по три кола, има 9 бода и гол-разлика 12-0.

 

- Оглас -

Најнови вести