Кој е како Одриосола: Собра пет трофеи сезонава, а одигра само 613 минути

Алваро Одриосола, бекот на Реал Мадрид кој вториот дел од сезоната го помина во редовите на Баерн Минхен, оствари можеби невиден учинок во бројот на освоени трофеи.

Шпанскиот бек ја заврши сезоната 2019/20 со вкупно пет освоени трофеи, три со Баварците, два со Кралскиот клуб, притоа запиша вкупно 613 минути поминати на терените, односно просечно освојуваше пехар на секои 122 минути.

Германскиот првак вчера по вторпат во клупската историја ја комплетираше триплетата по триумфот над ПСЖ во финалето од ЛШ. Одриосола мечот го проследи од клупата, како и претходните од турнирот во Лисабон, додека во дресот на Баерн запиша само 19 минути во меѓународното натпреварување, играше во реваншот против Челзи во осминафиналето.

Сепак, 19 минути беа доволни за да си замине дома со медал, исто така беа доволни три настапи во Бундеслигата, односно еден во Купот на Германија за и од тие натпреварувања да собере по едно одличје.

Одриосола првиот дел од сезоната беше во Реал, каде што играше во четири меча и заработи медал од шампионската 34-та титула на Кралевите во Ла Лига, а претходно во текот на сезоната го освоија и шпанскиот Суперкуп.

- Оглас -

Најнови вести