Кој е тенисерот што ги загубил сите полуфинални дуели, а сепак има титула?

Српскиот тенисер Ласло Ѓере викендов продолжи една неверојатна традиција, која е лоша за него. Ѓере загуби од Диего Шварцман во полуфиналето на турнирот во Кордоба со 6:1, 1:6, 6:2, нешто што станува традиција за Србинот кога се работи за меч во полуфинале. Во досегашниот дел од кариерата, Ѓере има одиграно седум полуфинални меча и сите седум ги има загубено.

И покрај овој неверојатно очаен биланс, Ѓере може да се пофали дека има титула во кариерата и тоа е еден вид феномен ако се знае дека никогаш не победил во полуфинале, а има играно во финале и таму се радувал на триумф.

Тоа се случи на Рио опен, кога Ѓере во полуфиналето требаше да игра против Аљаж Бедене, но противникот поради повреда го предаде мечот, а Србинот се најде во финалето. Во дуелот за титула, Ѓере со 6:3, 7:5 го победи Феликс Аугер и на тој начин е единствен играч кој ги има загубено сите полуфинални дуели, а сепак има трофеј.

Ѓере веќе е дел од АТП-турнирот во Буенос Аирес и е фаворит против денешниот ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести