Кој е убиениот водач на навивачите на Партизан? Во 2011 година осуден на 30 години затвор, а излезе по шест години

Со неколку куршуми, од кои два директно во главата, вечерва беше убиен еден од озогласените навивачи во Србија, Љубомир Марковиќ-Кичо. Тоа е водачот на една од највлијателните фракции кај навивачите на Партизан, популарните „Алкатраз“.

Марковиќ е познат како еден од организаторите на убиството на францускиот навивач Брис Татон, кој настрада во Белград пред 10 години, пред мечот Партизан – Тулуз. За ова убиство, Марковиќ беше правосудно осуден. Во 2011 година, Марковиќ првично беше осуден на 30 години затвор, потоа казната му беше смалена на 13 години, а на крајот излезе од затвор во 2017 година, кога беше опфатен со амнестијата и остана на условна казна.

Вкупно 14 навивачи беа осудени за убиството на Татон. Бруталниот линч на францускиот навивач се случи на 17 септември 2009 година. Неколку водачи на навивачите на Партизан, меѓу кои и Марковиќ го организирале нападот на француските навивачи кои биле сместени во еден паб во Белград, чекајќи да почне мечот меѓу Партизан и Тулуз.

Само две години по излегувањето од затвор поради свирепото убиство, популарниот Кичо вечерва беше ѕверски убиен

 

- Оглас -

Најнови вести