Кој ја почитува традицијата има добитен тикет денеска

Традицијата во дуелите на екипите е многу важна, иако пресудна е формата, квалитетот на екипите и моментната инспирација.

Сепак постигнувањата во минатото треба да се почитуваат и се добар лакмус во типувањето на исходот на дел од мечевите.

Ако ја почитувате традицијата за денеска секако на тикетот треба да се најдат Пари Сен Жермен, Лацио, Интер, Севилја и Лајпциг.

ПСЖ е неприкосновен шампион на Франција, а посебно добро игра дома против денешниот ривал Дижон. Популарните светци имаат шест убедливи победи по ред против Дижон во Париз и немаат примено гол, па гол-разликата им е 24:0, или во просек победуваат со 4:0.

За тип 1-1&4+ коефициентот во Sport Life e 1.72 и според традицијата на дуелите межу ПСЖ и Дижон треба да се одигра.

Лацио е уште поубедлив против Болоња, која денеска гостува на „Олимпико“ и нема пораз на сите последни 14 меѓусебни пресметки.

Болоња има адут во тренерот Синиша Михајловиќ, кој беше поранешен играч на Лацио, но и тој нема рецепт како да се победи тимот од Рим.

Последен триумф на Болоња против денешниот домаќин им е од 2012 година, а овде и единицата воопшто не е лоша и во Супер типот на Sport Life е со коефициент 1.86.

Горан Пандев денеска игра против својот Интер, но во последно време Џенова реди само порази против Нероаѕурите.

На последните четири меѓусебни мечеви екипата од Милано убедливо ја гази Џенова и има четири победи со гол-разлика од 16:0. Или во просек по 4:0 по меч, па ако одиграте 2&4+ коефициентот е одличен во Sport Life и изнесува 2.95.

Долга серија од 8 меча без пораз има и Лајпциг против Херта, а денеска Биковите им се домаќини на гостите од Берлин во меч од Бундеслигата.

Лајпциг е во топ-форма, а поткрепено со минатиот труд и 7 победи со само едно реми на последните 8 меча е доволно за да се типува на победа на домаќините.

Вкупната гол разлика на тие натпревари е 29:7 за Лајпциг, па просекот им е над три гола во мрежата на Херта во долгата серија без пораз. Коефициентот за 1&3+ во Sport Life е 1.96.

За финиш на тикет со пет парови наш предлог за денеска е победа на Севилја против Еибар. Андалузијците немаат пораз од Еибар на последните 9 меѓусебни дуели кога играле на „Санчес Писхуан“.

Билансот е шест победи на Севилја и три нерешени дуели, а серијата трае од 1997 година и се уште е актуелна. За единица на Севилја квотата во Sport Life е 1.58, а се заедно тикетот со пет двојки има вкупен коефициент од 29.2.

 

Предлог тип за тикет со пет двојки:

1703 ПСЖ – Дижон 1-1&4+ (1.72)

1617 Лацио – Болоња 1 (1.86) Супер Тип на Sport Life

3003 Џенова – Интер 2&4+ (2.95)

1804 Лајпциг – Херта 1&3+ (1.96)

1304 Севилја – Еибар 1 (1.58)

 

Вкупен коефициент 29.2

 

 

- Оглас -

Најнови вести