Кој ќе биде новиот првак во Ф1 ако на последната трка Хамилтон и Ферстапен не освојат бодови?

Луис Хамилтон победи вчера во една од најдраматичните Ф1 трки во последно време. Зад Хамилтон, на второто место се најде Макс Ферстапен, па ситуацијата во генералниот пласман во шампионатот во Формула 1 не може да биде подраматична.

Во пресрет на последната трка во Абу Даби, двајцата возачи имаат освоено по 269,5 поени, но Ферстапен се води како лидер во генералниот пласман. Доколку на последната трка во Абу Даби двајцата возачи излетаат и не освојат бодови или не завршат над 10-тото место и повторно се без бодови, јасно е кој ќе биде првак.

Ферстапен ќе се закити со шампионската титула, ако и по последната трка во Абу Даби двајцата возачи останат на 269,5 поени. Холандскиот возач е во предност поради деветте победи во сезоната, додека Хамилтон досега се има израдувано на осум победи.

- Оглас -

Најнови вести