Кој ќе даде повеќе, белградско дерби во битка за потписот на Миротиќ

По неочекуваното заминување на Никола Миротиќ од Барселона, многу клубови од Евролигата посакаа да го земат скапиот Шпанец со црногорско потекло, прв се спомнуваше Армани Милано, а сега белградските ривали се во прв план.

Црвена ѕвезда се спомнуваше како главен кандидат за потписот на Миротиќ, а клубот се договори со плејмејкерот Милош Теодосиќ за кој истотака ќе треба да платат многу.

Сега Партизан се спомнува како клуб кој е сериозно заинтересиран за Миротиќ. Освен капитенот Кевин Пантер кој ја одби Барса за да остане кај Црно-белите, другите странски ѕвезди ќе си одат, па има доволно пари за ѕвезда како Миротиќ, и плус тоа би му задале силен удар на градскиот ривал кој посакуваше да го доведе Миротиќ.

- Оглас -

Најнови вести