Кој ќе им застане на патот: Лука доаѓа кај Леброн и Дејвис?

ЛА лејкерс по 10 години пауза, повторно застана на тронот во НБА-лигата. Леброн Џејмс и дружината ја донесоа 17-тата титула во Лос Анџелес по триумфот во финалната серија против Мајами хит, но Езерџите планираат да состават уште поквалитетен тим со цел да остварат доминација во иднина.

Меџик Џонсон, клупската легенда и поранешен генерален менаџер на Лејкерси, најави сензационален атак по потписот на Лука Дончиќ. Новите шампиони ќе се обидат да го ангажираат фантастичниот словенечки кошаркар до почетокот на новата сезона.

„Сите во клубот се среќни што повторно се шампиони, но организацијата не сака да затане таму. Џејмс и Дејвис дефинитивно остануваат, а новата мисија на клубот е да се доведе трета ѕвезда. Мислам дека тоа ќе биде Лука Дончиќ. Со него, Лејкерс ќе продолжи да доминира во иднина, иако тој има црвст договор со Далас“, истакна Меџик.

Новата сезона во НБА-лигата нема да почне пред католички Божиќ, а има најави дека ќе се чека дури до јануари идната година за да почне најатрактивното кошаркарско првенство, што значи дека Лејкерс имаат доволно време да смислат план како да го добијат потписот на одличниот Дончиќ.

- Оглас -

Најнови вести