Кој кого тепал во Аталанта? Гомес го обвини Гасперини, тренерот вели дека лаже

Алехандро Папу Гомес откри детали од кавгата со тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, и вели дека бил истепан од него по мечот со Митјиланд во рамките на ланското издание на Лигата на шампионите.

Еден од најдобрите играчи за врска во тој период во Серија А признава дека погрешил што не ја послушал наредбата на тренерот да се пресели од левата на десната страна на теренот, но вели дека тоа не може никако да биде причина за физички напад од страна на Гасперини.

„Погрешив што не ја послушав сугестијата на Гасперини, но тоа што тој го направи потоа во соблекувалната е грозно. Физички ме нападна и ме удри, а сакаше и да ме претепа. Барав состанок со претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси, и побарав од него да влијае на Гасперини за да ми се извини. Тоа не се случи и следниот ден знаев дека морам да си заминам од Аталанта. За среќа, и покрај отпорот од претседателот на клубот, успеав да се преселам во Севилја“, изјави Гомес за аргентинскиот „Ла насион“.

Гасперини веднаш одговори со своја верзија за кавгата што јасно беше забележана од камерите на терен и вели дека Гомес лаже.

„Однесувањето на Гомес и на терен и надвор од него беше неприфатливо и за тренерите и соиграчите од Аталанта. Тој покажа физичка агресија кон мене поради мојата одлука да го заменам. Потоа покажа и непочитување кон спственикот на клубот и тоа се двете причини за неговото заминување“, изјави Гасперини.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести