Кој можеше да претпостави дека во Торино ќе има ваков шок, Јуве му кажа чао на Скудетото (Видео)

Јувентус претрпе шокантен пораз на домашен терен против Беневенто со 0-1, и со оглед на тоа дека има 10 бода негатива на 11 кола до крајот на сезоната во Серија А, може да се каже дека Старата дама попладнево ги загуби шансите да ја продолжи доминацијата, и трофејот ќе му го препушти на некој од клубовите од Милано, веројатно Интер.

Вештерките имаа низа од 11 средби по ред без триумф, ретко кој се надеваше дека може да направат чудо против Кристијано Роналдо, Алваро Мората, Федерико Кјеза и друштвото. Но, и тоа се случи. Стрелец на голот беше Аргентинецот Адолфо Гаич за кого ова е само втор погодок во Серија А. Тој ја искористи грешката на Данило и го совлада Шчесни.

Ова е првиот примен гол на Јуве во Торино против новодојден клуб во Серија А, од септември 2019 наваму, но и кобен по нивните надежи дека сепак може да ја продолжат серијата титули во Италија:

https://twitter.com/i/status/1373658429336735747

- Оглас -

Најнови вести