Кој очекуваше – Двајт Хауард е најпрецизен тројкаш во НБА-лигата (Видео)

Двајт Хауард приредува чудо невидено во НБА-лигата и има најдобар процент на погодени тројки во најсилната лига на светот.

Центарот на Лос Анџелес лејкерс, кој низ целата кариера се мачи со слободните фрлања, сега стана најпрецизен тројкаш во НБА.

Услов за да се влезе во конкуренција е минимум да има пет обиди и 10 настапи сезонава во НБА-лигата. Досега имаше 5 обиди и трипати погоди, што е доволно за првото место во целата лига.

https://twitter.com/SpectrumSN/status/1216964020692893696?s=20

Хауард ги исполнува и двата услови и има 60-процентна ефикасност во ударите за три поени. И ноќеска постигна една тројка од еден обид и моментно е прв во таа статистичка категорија според процентот на успешност.

- Оглас -

Најнови вести