Њукасл приреди првокласна сензација на „Кинг Пауер“ и го декласира фаворизираниот Лестер со 4:2 со што си обезбедии опстанок во Премиерлигата.
Најдобриот стрелец на Њукасл, Калум Вилсон беше играч на мечот со два гола, последните за гостите, а по еден гол како најава за сензација постигнаа Вилок и Дамет.
Проблемите за Лестер почнаа непосредно пред стартот на мечот, кога на загревањето се повреди стоперот Џон Еванс, па тој беше принудно заменет во најавениот состав со Фофана.
Одбаната на Лестер не стаса да се воигра со принудната промена, а Њукасл по 34 минути игра веќе водеше со 2:0. Потоа следеше вистински дебакл и предност на гостите од 4:0, па Марк Олбрајтон и Ихеначо успеаја со два гола во финишот на мечот само да го ублажат тешкиот пораз на третопласираната екипа во Премиерлигата.
Њукасл по 20 години успеа пак да постигне четири гола на гостински терен, откако претходниот пат покер му дадоа на Лидс во 2001 година.
Со победа Лестер можеше да стаса на само еден бод до сигурен настап во Лигата на шампионите, па сега влегува во неизвесен финиш во последните три кола во трката за пласман во луксузната европска лига.
Њукасл се проби на 13-то место со 39 бода, 12 повеќе од Фулам и сигурно ќе игра во Премиерлигата и следната сезона.