Кој оди со Мурињо на прес, сигурно ќе игра против ЛАСК

Жозе Мурињо повторно во свој препознатлив стил имаше настап на прес-конференцијата пред мечот во Лигата на Европа против ЛАСК утре во Лондон.

Специјалниот експресно одговори на прашањето за составот на тимот, со оглед дека Тотенхем имаше многу набиен распоред, па можно е да се одморат главните ѕвезди, Кејн, Сон и уште неколку стандардни првотимци.

„Сигурен за настап е само Давинсон Санчес, кој е со мене на прес-конференцијата. Единствено што барам да не го прашувате за прекрасниот гол што го постигна против Вест хем“, се пошегува Мурињо.

Санчес си постигна автогол во лудиот меч со Тотенхем, во кој СПАРС прокоцкаа предност од 3:0. Вклучувајќи го и автоголот на Колумбиецот, примија три гола од 82-рата минута и од готова победа, стигнаа до вересија и реми 3:3 против Чеканите.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести