Кој поубедливо, кој минимално, фаворитите во топ 5 лигите ќе победат

1008 Норвич – Ливерпул (18.30 часот)

Норвич се враќа во Премиерлигата и веднаш на стартот има моќен противник. Најголемо засилување за Ливерпул е враќањето на Ван Дајк, но не треба да се очекува тој да настапи во првото коло. Норвич има многу ровити играчи кои се повредени или позитивни на Ковид-19, па клупата им е кратка. Мотивите на Канаринците ќе бидат огромни, но квалитетот е на страна на гостите. Лош знак за Норвич е што на последната контролна средба пред една недела, загубија од Њукасл со 0-3.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.10)

 

1703 ПСЖ – Стразбур (21.00 часот)

Во првото коло од француската Лига 1, ПСЖ даде два гола и освои три бода, а Стразбург прими два гола и загуби. Светците кои летово се засилија и составија „дрим-тим“, нема да бидат комплетни, повредени се Рамос, Бернат и Гај, додека суперѕвездата Меси само што почна со тренинзи и ќе биде на трибините. Неизвесно е дали ќе играат ѕвездите кои настапија на ЕВРО 2020 и Копа Америка. Во минатата сезона, на двата меча ПСЖ му даваше по четири гола на Стразбур, и сега претпоставуваме дека ќе има слично сценарио.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.58)

 

1807 Борусија Дортмунд – Ајнтрахт (18.30 часот)

Стартот на Бундеслигата за Борусија доаѓа во момент кога имаат доста отсутни играчи, од кои дел (Бранд, Муние, Гереиро, Хумелс) се многу важни за тимот. Добрата вест за нив е што Халанд во купот направи хет-трик и покажа дека е во форма. Ајнтрахт киксираше во купот против Манхајм. Ова е дуел на два тима кои многу ретко играат нерешено. Традицијата најавува и голови. Од последните 10 меѓусебни дуели, на дури девет, и двата тима давале гол, а единствениот меч на кој едниот тим не погоди, заврши со 4-0.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.65)

 

1305 Алавес – Реал Мадрид (22.00 часот)

Во минатата сезона, Реал победи во Виторија, а дома загуби од Алавес. Кралскиот клуб во подготвителниот период одигра само два меча во кои многу се менуваше составот, и не се некое мерило. Проблем за Реал се и повредите на Карвахал, Себалјос, Крос, Марсело и Менди, а во шпицот на нападот треба да се појави Бензема кој нема играно никаков меч од Европското првенство наваму. Алавес на пријателските мечеви или победуваше или губеше, а и 20 години не било нерешено во нивните дуели со Реал. Типуваме дека Алавес ќе загуби, но не толку убедливо како лани кога беше 4-1 за мадридските Бели.

Предлог тип: 0-2 I & 0-2 II (1.43)

 

6755 Јувентус – Аталанта (20.30 часот)

Ова е најголемо дерби од низата пријателски мечеви кои се играат денеска. Јуве на 8 август беше разбиен со 0-3 од Барселона и сега ќе сака на својот стадион да остави подобар впечаток кај фановите. Аталанта пред три дена одигра контролна средба со Алесандрија, и победи со 7-1, но пред тоа Божицата беше поразена од Вест Хем на кого не му даде ниту еден гол. Во минатата сезона, Јувентус и Аталанта одиграа три меча и на сите три имаше различен исход (по една победа и пораз на двата тима, плус едно реми).

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.63)

- Оглас -

Најнови вести