Кој рано рани „Ајфон“ може да зграби – Не чекајте до последен момент за Спортска прогноза

Шансите на Македонија и Полска растат и на Спортската прогноза, а се повеќе учесници во играта што за вас ја организира нашиот портал Спорт Манија и реномираната обложувалница Sport Life типуваат на изненадување и на успех на нашата репрезентација во Варшава.

По победата против Словенија расте оптимизмот и за подвиг против Полјаците, па сега и вашите прогнози на овој пар од Спортската прогноза се повеќе одат на „воденицата“ на македонскиот национален состав.

Колото е во тек, може да се прогнозира до утре до 18 часот кога почнуваат првите три дуели од програмата за шестото коло со 13 двојки, плус два резервни парови.

Квалификациските натпревари ретко се на Спортската прогноза, па ова коло ќе биде вистински предизвик за се повеќе учесници во играта што е бесплатна, а нуди вредни награди.

Засега Босна и Херцеговина е апсолутен фаворит против Финска според досега забележаните прогнози од Вас, а ремито на Данска и Швајцарија и победата на Колумбија против Чиле се тип број 1 за првите три дуели од 18 часот утре.

До тој термин можете да се вклучите со вашите прогнози и да играте за топ-наградата „”IPhone XS“ што е во игра за секое коло, а ќе ја освои прогнозерот со максимални 13 погодени двојки.

За еден промашен пар се добива ваучер од 1.000 денари, за единаесетка следува ваучер од 500 денари, а важно е да се погодат и резервните двојки, кои се калкулираат за Генерален пласман.

Миксот од 13+2 натпревари во колото што е во тек чека на вашите прогнози и секако обидете се со изненадување во Варшава во недела, што би било голема предност за сите прогнозери, ако Македонија успее да приреди подвиг против Полска на гостински терен.

 

- Оглас -

Најнови вести