Кој рано рани, има среќа и три бода граби!

Вест хем ја совлада Астон вила со 2-1 и со третата победа по ред се проби дури на петтото место на табелата во Премиер лигата, а гостите треба да жалат што не освоија барем бод.

Чеканите станаа прв тим во Премиер лигата по Манчестер сити од септември 2018 наваму кој постигнал гол во втората минута од првото и втората минута од второто полувреме. Вест хем од два шута во голот, даде два гола, а во финишот имаше и многу среќа. Гостите од Бирмингам во 74-тата минута утнаа пенал, а во 92-рата минута им беше поништен гол поради милиметарски офсајд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести