Кој стаса го гази Шалке – Аугсбург лесно си ќари бодови во Гелзенкирхен (Видео)

Шалке 04 е во голема криза од која не успеа да излезе ниту денеска, па неочекувано лесно загуби од аутсајдерот Аугсбург со 0:3 на празната „Велтинс арена“.

Во Гелзенкирхен гостите постигнаа еден гол во првото полувреме и два во второто и освоија многу важни три бода во битката за опстанок во Бундеслигата.

Едуард Левен во седмата минута со велемајсторски изведен слободен удар од околу 25 метри го совлада Шуберт, а лошата дефанзива на Шалке ја искористи Ноа Жоел Бази и со гол во 76. година најави вредна победа на Аугсбург.

Во самиот финиш на мечот и Кордова казни голем кикс на одбраната на Шалке за убедлив триумф од 3:0 на гостите.

https://twitter.com/footballtravel5/status/1264543950381002753?s=20

Гостите ја прекинаа црната серија од шест меча без победа во германското првенство и со 30 бода побегнаа од опасната зона за испаѓање.

Шалке има два порази по кам-бекот на Бундеслигата со гол-разлика 0:7, а се уште е во серија од 8 меча без победа, 7 по ред во германското првенство. Тимот од Гелзенкирхен има 37 бода на осмата позиција на табелата по 27 кола.

- Оглас -

Најнови вести