Кој стигна, го одби Манчестер јунајтед – Интер не го дава Весино на позајмица

Интер ја одби понудата на Манчестер јунајтед да го испрати Матијас Весино на позајмица на „Олд Трафорд“. На Црвените ѓаволи тешко им оди и со трансферот на Бруно Фернандеш од Спортинг, иако долго време се најавува како сигурна работа.

Весино сезонава одигра 14 меча за Интер и постигна само еден гол, па полека го губи статусот стандарден првотимец кај второпласираната екипа во Серија А.

Уругваецот пристигна во Интер во 2017 година, во трансфер за кој Нераѕурите ѝ платија 24 милиони евра на Фиорентина. Весино има договор со Интер до 2021 година, а одбивањето на италијанскиот гигант да дозволи преселба во Манчестер е малку и чудно, со оглед на добрата соработка што ја имаат двата клуба.

Во Интер во последно време од Манчестер јунајтед пристигнаа Ромелу Лукаку и во овој преоден рок Ешли Јанг.

 

- Оглас -

Најнови вести