Кој тим му е омилен на Жозе во Премиер лигата?

Со сигурните 3-0 над Лидс, Тотенхем на Жозе Мурињо ја оствари осмата победа сезонава во Премиер лигата, а по мечот Специјалниот откри кој тим од англиското првенство му е омилен.

„Нормално не поверував кога ми кажаа дека во наредниот период ни следуваат натпревари со лесни противници. Нема такво нешто, Лидс беше прилично тежок предизвик, а Астон вила ми е омилената екипа во моментов. Уживам кога ги гледам како играат, екипата е составена од многу добри играчи кои се предводени од добар тренер, што значи нема да ни биде лесно против нив“, истакна Мурињо.

Токму кај Астон вила Тотенхем ќе гостува во следното коло на 13 јануари, откако Петлите ќе ги завршат обврските во Лига Купот и ФА Купот.

- Оглас -

Најнови вести