Кој вели дека не знаат фудбал – Еден како еврогол вреден погодок во Фарски Острови (Видео)

Ари Олсен постигна прекрасен гол што вреди победа на Викингур против Рунавик во третото коло на Првата лига на Фарски острови.

Честопати потценувани како дел од една од најегзотичните, но и најскромни лиги во Европа, играчите што настапуваат во Фарските острови сепак покажуваат дека знаат да играат фудбал и да постигнуваат евроголови.

Овој на Олсен денеска беше вистинско ремек-дело со удар од 30-на метри што заврши во спротивниот агол на голот на гостите од Рунавик.

Мечот беше премиерен од третото коло во најсилната лига на оваа земја, а Олсен и ги донесе бодовите на екипата што сега е лидер со 7 бода.

Рунавик падна на третата позиција со прв пораз, по стартните две победи. Првеството на Фарските острови почна на 17. мај, а титулата ја брани екипата на Клаксвик.

- Оглас -

Најнови вести