3.8 C
Skopje
четврток, 22 јануари 2026

Која беше намената на направата што Ѓулер ја носеше на раката против Монако?

Мал, тркалезен уред поставен на раката на Арда Ѓулер за време на натпреварот Реал Мадрид – Монако збуни многумина и се прашуваа што е тоа. 

Тоа е глукометар, кој се користи за следење дијабетес. Нема информации дека играчот од средниот ред на Реал страда од оваа состојба, но овие сензори не се користат само за управување со болеста. Може да има функција и да се утврди како гликозата реагира на тренинг и на одмор.

Експерт од Шпанија тврди дека нема научни докази дека овој уред не може да ги подобри атлетските перформанси, не прави чуда, но помага со тоа што овозможува подобро управување со исхраната во различни контексти.

„Во спортови како фудбалот, каде што има многу промени во темпото, ова може да направи голема разлика“, вели Гомес, иако предупредува дека глукометарот секогаш треба да се гледа како додаток на добар тренинг, одмор и здрави навики. 

Ова овозможува подобро прилагодување на тоа што да се јаде, колку и кога

- Оглас -

Најнови вести