Која е разликата меѓу петте гола што ги постигна Мбапе на еден меч и петте погодоци на Меси на една средба? (Видео)

Дуелот од Купот на Франција меѓу Пари Сен Жермен и Пајс де Касел ќе остане запишан во историјата на францускиот гигант. На овој меч против екипата која игра во шестата лига во Франција, ПСЖ победи со убедливи 7:0, а играчот кој блесна е Килијан Мбапе. Францускиот голгетер за првпат во кариерата постигна пет погодоци на еден меч. Досега во историјата на ПСЖ немало фудбалер кој постигнал толку погодоци за 90 минути игра.

Тоа што го направи Мбапе ќе биде запишано во историјата на францускиот фудбал, но многумина од фановите на социјалните мрежи не се воодушевени од подвигот на Мбапе, посебно кога некој сака да ги спореди петте погодоци што Мбапе ги даде на еден натпревар со петте погодоци кои Меси ги има постигнато на една средба.

Меси „пукна петарда“ на еден меч во 2012 година, и тоа додека играше за Барселона. Тоа се случи против Баер Леверкузен во меч од 16-финалето во Лигата на шампионите. Барселона победи убедливо со 7:1, а Меси даде пет гола.

Според многумина, петте гола на Меси во нокаут-фаза од Лигата на шампионите против германски бундеслигаш никако не може да се споредуваат со петте погодоци на Мбапе постигнати во дуел против шестолигаш во Француски куп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести