НБА тимот Лос Анџелес лејкерс потврди дека постигнале договори со Скоти Пипен јуниор и Шариф О‘Нил. Станува збор за синовите на НБА-легендите Скоти Пипен и Шекил О‘Нил.
Шариф има 22 години и ќе игра за Лејкерс во Летната лига, додека Пипен има двојна лиценца и може да игра и за Езерџиите во НБА и за Саут беј лејкерс во развојната Г лига. Младиот Пипен е понизок од татко му и игра како плејмејкер.