Кокинакис до Ѓоковиќ: Скина мускул и закрепна за два дена? Научи ме како!

Австралискиот тенисер со грчко потекло Танаси Кокинакис изгледа од многу дружење со Ник Кирјос, стана „хејтер“ на Новак Ѓоковиќ, па почна и јавно да го критикува својот српски колега. Кокинакис им се придружи на групата луѓе кои сметаат дека Ѓоковиќ само глуми дека е повреден.

„Закрепна од скинат мускул за два дена? Научи ме како“, напиша Кокинакис на „Твитер“.

Ѓоковиќ се повреди пред три дена на мечот со Американецот Фриц, но и покрај проблемите, успеа да го доигра тој меч и да победи со 3-2 во сетови, а денеска славеше и против Милош Раониќ. Новак веднаш по дуелот со Фриц рече дека има скинат стомачен мускул, но веројатно станува збор само за истегнување.

По настапот на Отвореното првенство на Австралијан, Ѓоковиќ најави дека ќе си даде пауза и ќе прескокне неколку турнири.

- Оглас -

Најнови вести