Гулаб и самба се хит комбинација – Стилот на радување на Ришарлисон го зарази светот, од него учи и Роналдо (Видео)

Бразилскиот ас Ришарлисон е хит со неговиот необичен стил на радување по головите што ги дава, а особено до израз дојде на Мундијалот во Катар.

Во стил на гулаб, комбинирано со бразилска самба, Ришарлисон го натера и селекторот Тите да одигра куса секвенца со него вчера по голот против Јужна Кореја во 29-тата минута.

Бразил со тој гол на Ришарлисон поведе со 3:0, подоцна и победи со 4:1, а Ришарлисон, Тите и сите играчи на Бразил го одиграа ритуалот што е хит на фудбалерот на Тотенхем.

Сега на социјалните мрежи има многу интересни имитации на стилот на кој Ришарлисон се радува на успесите и головите на Кариоките.

Се обидува и младо и старо, особено од Бразил, земја што е најтрофејна на Мундијалите, а го очекува и шестиот пехар.

Приказната е интересна, а Ришарлисон го игра танцот уште од 2012 година, кога играше за Евертон и објасни дека оригнално танцот е на поп-групата „Os Perseguidores“ од Бразил.

Интересно е што интерес покажа и легендарниот бразилски ас Роналдо, па Ришарлисон му покажа како се игра танцот на гулабот.

- Оглас -

Најнови вести