Ришарлисон е прв стрелец на Бразил и главен шоумен, го разигра и селекторот Тите со партија самба (Видео)

Ришарлисон повторно е стрелец за Бразил и против Јужна Кореја го постигна третиот свој гол на Мундијалот во Катар, а го прослави како што само Кариоките знаат, со самба.

Напаѓачот на Бразил погоди во 29-тата минута, и тоа по мајсторска акција во која имаше главна улога и потоа истрча до аут-линијата, каде што беше селекторот Тите и со него одигра малку самба.

 

https://twitter.com/AlertaNews24/status/1599850613101457408?s=20&t=qyS1YgNQkwRHvYVNg0eapQ

Соиграчите се приклучија и во бразилски стил беше прославен голот за 3:0.

Претходно мрежата на Јужна Кореја ја погодија и Винисиус јунир во седмата минута и Нејмар од пенал во 13-тата минута, а по Ришарлисон во листата со стрелци се запиша Пакета.

Бразил води убедливо со 4:0 против Јужна Кореја само по едно полувреме и веќе е четвртфиналист во Катар и ќе игра со Хрватска за полуфинале.

 

- Оглас -

Најнови вести