Филип Коку е веќе сменет и е минато во Фенербахче, објави турскиот „НТВ спорт“, а како замена за холандскиот тренер се најавува Ерсун Јанал.
Коку има лоши резултати со Фенербахче во турското првенство, а последниот пораз од Ризеспор само ја забрзува одлуката на челниците на турскиот гигант.
Најсериозен кандидат за да го замени Коку, според „НТВ спорт“ е Јанал, поранешниот тренер на Трабзонспор и поранешен стратег и на Фенербахче.
Елиф Елмас речиси сигурно ќе има нов кормилар во Фенербахче, а најавено е дека денеска Коку ќе биде разрешен од позицијата тренер на повеќекратниот турски шампион.
Со Јанал како тренер, Фенербахче ја освои титулата во сезоната 2013/14, потоа го продолжи договорот, но за кусо време си замина по недоразбирањето со дел од челниците на клубот.