Коларов: Ќе дадам гол против Милан!

Александар Коларов, капитенот на српската репрезентација, од Рома се пресели во Интер, а во своето интервју за интернет-страницата на Нераѕурите кажа нешто што ќе им се допадне на фановите на Интер. Тој најавува дека во четвртото коло на Серија А, кога Интер ќе се сретне со градскиот ривал Милан, ќе постигне гол.

Искусниот лев бек и во минатото имал понуди од Интер, но овојпат не се двоумел и прифатил да игра за Антонио Конте.

„Не се мислев двапати, со задоволство прифатив. Познавам многу играчи, сум играл со многумина, првите впечатоци ми се позитивни. Едвај чекам да ги запознаам сите. Секако дека Конте влијаеше на трансферот. Отиде во Англија и веднаш ја освои Премиер лигата. И на Интер му ги промени ликот. Се надевам дека можеме многу“, вели Коларов, кој во формацијата 3-5-2 би требало да има улога на офанзивен бек.

„Интер се труди да има посед на топка, би бил среќен на таа позиција на која играв и во Рома и Манчестер сити. Сум играл градски дербија во Рим и Манчестер, сум давал голови, очекувам тоа да го направам и против Милан“, најавува Коларов.

- Оглас -

Најнови вести