Коларов ретко дава голови, ама кога ќе даде, тоа е за тв шпици (Видео)

Тимовите на Рома и Атлетик Билбао вечерва одиграа 2-2 во пријателски меч во италијанскиот град Перуџа, а средбата ќе биде запаметена по фантастичниот гол на Александар Коларов.

Српскиот лев бек е познат по својот силен, па и прецизен шут, не му е првпат да даде гол од слободен удар, но овој против баскијците дефинитивно му е еден од најубавите и најатрактивните во кариерата.

https://twitter.com/i/status/1159187801365237762

- Оглас -

Најнови вести