Коларов се договори со Интер, отштетата за Рома е смешна!

Италијанските медиуми објавуваат дека трансферот на 34-годишниот лев бек Александар Коларов од Рома во Интер е завршена работа. Србинот ќе се бори со Ешли Јанг за стартното место и може да биде засилување за Нераѕурите, а плус за Интер е и тоа што Коларов е доста ефтин.

Интер на Рома ќе ѝ плати обесштетвање од само 2 милиони евра. Оваа сума делува смешно во споредба со цифрите кои се вртат последниве години на фудбалскиот трансфер пазар. Но, Рома пред три години го купи Коларов од Манчестер сити за само 5 милиони евра, па овие два милиони на некој начин делуваат и реални.

Коларов има големо искуство од играње во Серија А, по три сезони ги носеше дресовите на Лацио и Рома, а сега се сели во клуб кој има шампионски амбиции во лигата и кој ќе настапува во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести