Колчестер му даде и еден фора на Тотенхем во пенал-серијата (Видео)


Џевани Браун се посрамоти со лошо изведен пенал во стил на популарната „паненка“, но сепак нисколигашот Колчестер го елиминира европскиот вицешампион Тотенхем по подобро изведување на ударите од белата точка во Карабао купот на Англија.

Браун, кој е репрезентативец на Јамајка, се обиде да го измами Пауло Газанига со „паненка“ удар од белата точка, но голманот на Тотенхем лесно го одбрани мизерно изведениот пенал.

Тој удар беше во третата серија, а потоа сепак играчите на Колчестер не промашуваа во последните два удари, а трагичар беше Лукас Мура, утна на крајот од серијата и Тотенхем претрпе сензационална елиминација од Лига купот.

Погледнете го ударот на Браун од белата точка и лошата имитација на легендарната „паненка“.

- Оглас -

Најнови вести