Колегите од англиската селекција на шега му дале вијагра наместо витамини

Поранешниот англиски репрезентативен напаѓач Карлтон Кол раскажа како еднаш неговите колеги Џермејн Дефо, Вејн Руни и Шон Рајт Филипс го измамиле и наместо витамини, му дале да се напие една таблета вијагра. Ова се случило во 2009 година, во пресрет на меч против Холандија.

„Немав некоја голема желба за секс, но имав ерекција. На тренингот бев најбрз, нормално, ако се знае дека имав три нозе“, раскажува Кол со насмевка.

Кол, кој сега има 36 години, имаше седум настапи за Трите Лавови, а за Вест хем одигра речиси 300 меча.

Дефо рече дека Карлтон бил позитивен лик, секогаш насмеан, па решиле да го измамат. Дефо додаде дека изразот на лицето на Кол кога дознал за трикот, бил неповторлив. Тогашниот селектор Фабио Капело не дознал за измамата, веројатно до денеска.

- Оглас -

Најнови вести