Коленото веќе не издржува, шпански бек стави крај на кариерата

Шпанскиот лев бек Начо Монреал објави дека ја завршува играчката кариера. Монреал има 36 години, а како причина за повлекувањето ги наведе проблемите со колената.

Монреал е роден во Памплона, па кариерата ја почна во Осасуна. Потоа премина во Малага, а шест сезони го носеше дресот на лондонскиот Арсенал. Последен клуб му беше Реал Сосиедад. Ја пропушти целата претходна сезона поради повреда на коленото, а летово му истече договорот.

Прв настап во дресот на шпанската репрезентација му беше гостувањето во Скопје, на пријателскиот меч Македонија – Шпанија во 2009 година, кога Шпанците победија со 3-2.

- Оглас -

Најнови вести