Колина го одбра својот „двојник“ за судија на финалето на Лигата на шампионите

Полскиот 42-годишен судија Шимон Марчињак е одреден да биде главен судија на финалето на фудбалската Лига на шампиони помеѓу Манчестер сити и Интер на 10 јуни во Истанбул.

Марчињак во декември го судеше финалето на Светското првенство во Катар, а сега доби прилика и чест да суди и на најважниот натпревар во клупскиот фудбал. Изборот на Марчињак е мало изненадување бидејќи досега УЕФА за финалето никогаш не делегираше судија кој судел и во полуфиналето, а Полјакот делеше правда на реваншот од полуфиналето помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид.

Финалето на Лигата на Европа помеѓу Севиља и Рома ќе го суди Ентони Тејлор од Англија, а финалето од Конференциската лига Фиорентина – Вест хем му е доделено на Шпанецот Карлос дел Серо Гранде.

- Оглас -

Најнови вести