Колку е моќен Ливерпул – Вториот стрелец во Англија грееше клупа на „Енфилд Роуд“

Дани Ингс повторно стрела немилосрдно и е втор стрелец во Премиерлигата заедно со Пјер Емерик Обамејанг, а неговата форма и 12 гола покажуваат индиректно колку е моќен Ливерпул.

Ингс беше четири години член на Ливерпул, но едната, ланската ја мина на позајмица во Саутемптон, чиј член е и во оваа сезона.

За актуелниот европски првак и лидер во Премиерлигата корпулентниот напаѓач одигра само 14 натпревари и најчесто беше резерва, или ниту тоа во моќниот состав на Ливерпул.

Сега доживува вистински препород и на 19 настапи сезонава во Премиерлигата постигна 12 гола за „светците“ со што го потврди и својот квалитет. Но и со својот пример покажува колку е тешко да се биде стандарден член на Ливерпул, екипа која гази сезоната во Премиерлигата со 17 победи и само едно реми, без ниту еден пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести