Колку пари бара Ибрахимовиќ за шест месеци да игра во Серија А?

Еден од најпопуларните напаѓачи во последниве две децении во фудбалскиот свет, Златан Ибрахимовиќ моментно е без ангажман. Играчот кој има 38 години го одработи договорот со Лос Анџелес Галакси и сега е главен на пазарот на слободни играчи.

Ибра воопшто не размислува да се пензионира, а најчести се шпекулациите дека во јануари тој ќе направи трансфер во тим од Серија А. Калчото е многу добро познато за Златан, бидејќи веќе има играно за Јувентус, Милан и Интер. Сега шпекулациите се дека за него се интересираат Милан, Рома, Болоња и Наполи.

Италијанскиот весник „Ла Република“ најавува дека Ибра веќе ја одредил сумата која треба да ја плати тимот кој би го земал во своите редови. За да игра од јануари до крајот на сезоната, односно за шест месечен договор, Златан бара по еден милиони евра месечно.

Од Милан се надеваат дека со преговори ќе успеат да ја намалат оваа сума, па место да искешираат шест милиони евра за шест месеци, да платат четири милиони ева за играчот кој го носеше црвено-црниот дрес во периодот од 2010 до 2012 година и даде 56 голови.

 

- Оглас -

Најнови вести