Колку само имаше среќа: Минатата сезона за ист судар, болидот се распарчи на пола и се запали (Видео)

Макс Верстапен имаше многу среќа при вчерашното излетување од патеката на Силверстоун по сударот со Луис Хамилтон. Холандскиот возач со задниот дел од болидот удри во предниот дел од болидот на актуелниот светски првак и потоа неконтролирано летна во заштитната ограда, каде удри со брзина од 180 километри на час.

За среќа, ударот во заштитната ограда беше без поголеми последици, па Верстапен по направените лекарски прегледи, за брзо време беше пуштен од болница.

„Силината на ударот на Верстапен беше 51Г. Фала му на Господ што успеа сам да излезе од болидот. На сите ни олесна кога видовме дека е добро“, рече шефот на екипата на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

Г претставува силата на забрзувањето на земјината тежа која изнесува 9,81 м/с2. Тоа значи дека Верстапен при ударот во заштитниот ѕид, доживеал притисок 51 пати поголем од луѓето кои мирно стојат на Земјата, односно 10 пати поголем од тоа кога поминува низ најголемиот свиок на патеката.

https://twitter.com/i/status/1416763681401155587

Верстапен одлично помина, ако се знае дека ист 51Г удар минатата година доживеа Ромаин Грожан во Бахреин. Тогаш, од силината на ударот, болидот на Грожан се преполови и се запали. За среќа и Французинот немаше посериозни повреди од тој инцидент.

Разликата меѓу двата судари на Верстапен и Грожан е во тоа што Французинот удри во заштитната ограда која беше на само неколку метри од стазата, додека Макс имаше среќа да има намалување на брзината во песокот покрај патеката.

Според лекарите, удар кој е со силина од 51Г речиси сигурно значи дека возачот ќе ја пропушти следната трка. Тоа се случи со Грожан, кој имаше и изгореници, но и со Фернандо Алонсо кој во 2016 година мораше да паузира една трка, откако имаше судар со силина од 46Г.

 

- Оглас -

Најнови вести