Коло што е означено како баксузно може да донесе среќа на Спортска прогноза со прва погодена Тринаесетка

Бројот 13 не мора да биде и баксузен кога станува збор за Спортската прогноза и тековната 13-та рунда конечно може да донесе среќа и прва погодена Тринаесетка во оваа сезона на бесплатната игра во организација на Sport Life и на Спорт Манија.

За вашите прогнози има време до сабота до 15.30 часот, кога почнува првиот меч од вкупно 13, кои се на менито заедно со два резервни пара.

Во ова коло повторно сите натпревари се од Топ-5 лигити во Европа, што е познат терен за прогнозерите, а и нема некое посебно дерби, што е можност да се стигне до убав подарок, што сами ќе си го одберете.

Со погодени 13 натпревари имате можност да си изберете сами подарок од понудените три варијанти:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен тротинет

X Box Series X

Меѓу поинтересните дуели во ова коло се тој во Англија меѓу Њукасл и Челзи во сабота од 18.30 часот и последниот на менито на Тринаесетката меѓу Јувентус и Лацио во Калчото, закажан за в недела од 20.45 часот.

Треба да се внимава и на резервните двојки, односно дуелите меѓу Аталанта и Интер и Милан и Фиорентина, бидејќи погодени точни исходи на двата меча носат поени што се сметаат во Генерален пласман.

 

 

- Оглас -

Најнови вести