Коло со дербија на Спортска прогноза, ќе треба мајсторска 13-ка за „ајфон 12“

Шестото коло од оваа сезона на Спортска прогноза има четири дерби-натпревари и ќе претставува вистински тест за сите прогнозери кои ќе се обидат да освојат „ајфон 12“ или ваучери од Sport Life во вредност од 1.000 или 500 денари.

Типувањето трае до сабота, во 13.30 часот, кога почнува репризата од последното финале на Лигата на шампионите, а овојпат во пресметка од Премиер лигата, Челзи го пречекува Манчестер сити. Засега двојно повеќе прогнозери веруваат во победа на европскиот отколку на англискиот шампион, а над една третина од тие што досега типувале, прогнозирале нерешено.

Во Лондон ќе се игра уште едно дерби, неделното помеѓу Арсенал и Тотенхем. Тука засега процентите за единица и двојка се речиси изедначени, а малку помалку прогнозери веруваат во триумф на гостите.

Уште две големи загатки што ќе треба да се решат за да се стигне до „ајфонот“ ќе бидат италијанските натпревари во Милано и Рим. Во Градот на Модата Интер ќе го игра дербито со Аталанта во сабота од 18 часот, како загревање за спектаклот во Вечниот Град, Рим, каде што во недела од 18 часот ќе гори на „Олимпико“ на пресметката меѓу градските ривали Лацио и Рома.

Спектакуларното коло ќе заврши во понеделник, со мечот меѓу Кристал палас и Брајтон, а оваа рунда е една од највозбудливите во досегашните четири сезони на Спортска прогноза и е вистински предизвик да се одигра за вредни награди што ги доделува Sport Life.

Со погодени 13 натпревари се добива „ајфон 12“, а се наградуваат и утките во играта што е бесплатна и многу забавна. Со едно промашување, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со две утки ви следува ваучер од 500 денари.

Награди има и за најдобрите прогнозери во Генералиот пласман, а по завршување на четвртата сезона, шампионот ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи. Квартетот што ќе биде пласиран од второто до петтото место ќе биде награден со многу поени, што можат да се искористат за пазарење во СЛ маркетот.

Учеството во играта е бесплатно, а сè што ви е потребно е да бидете прогнозер на Спортска прогноза во организација на Sport Life и нашиот портал и да имате СЛ картичка, која исто така е бесплатна и може во експресен рок да се добие на сите обложувачки места на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести