Колосот Марјановиќ тргна да се тепа со навивач, го спречи Дончиќ (Видео)

Крка се пласираше во финалето на плејофот од кошаркарското првенство во Словенија, откако убедливо славеше над Илирија со 97:74 во меч кој беше решавачки. Во финишот на средбата кога беше јасно кој ќе победи, се случи инцидент, а во главна улога беше Бобан Марјановиќ. Искусниот 227 сантиметри висок центар на Илирија беше исклучен, а додека заминуваше кон соблекувалната, беше испровоциран од еден навивач на Крка.

Марјановиќ не можеше да се исконтролира, па дури сакаше да се качи на трибината и да се тепа со навивачот. За среќа, веднаш реагираше Саша Дончиќ, кој е задолжен за Илирија од Љубљана и спречи да се случи скандал.

- Оглас -

Најнови вести