Колото без награди на Спортската прогноза, многумина немаа среќа

Петтото коло на Спортска прогноза не донесе награди никому. Десетте погодоци на Ерол се најмногу што погоди некој од понудените 13 натпревари во основната понуда. На тој начин, за ова коло нема да се доделат ниту вредносни ваучери од Sport Life обложувалниците. Главната премија iPhone XS за оној кој ќе успее да погоди Среќна 13-ка остана далеку и недопирлива.

Во петтото коло имаше над 1.100 учесници, но освен што имаше десетка и две деветки, сите други прогнозери кои ја играа бесплатната Спортска прогноза на Спорт Манија и Sport Life имаа пет или повеќе грешни прогнози.

Затоа, и да сте имале лошо коло, немојте да очајувате, не сте единствениот. Борбата за Генералниот пласман е жестока и неизвесна, можни се пресврти и секој освоен поен и погодена прогноза може да ви донесе напредок.

Веќе денеска ќе бидат познати паровите за новото, шесто коло, па затоа читајте Спорт Манија и бидете дел од Sport Life клубот.

- Оглас -

Најнови вести