Колото е јубилејно и може да ви донесе „ајфон 11“ – Oдиграјте Спортска прогноза до 15.30 часот

Јубилејното 20. коло на Спортска прогноза влегува во финиш за вашите комбинации и прогнози и можете да се приклучите во трката за убави награди денеска до 15.30 часот.

За секоја рунда, стандардно во третата сезона од бесплатната игра Sport Life доделува мобилен телефон „ајфон 11“ за секоја прецизно погодена Тринаесетка, а се наградуваат и утките.

Со еден промашен пар ви слдува ваучер од 1.000 денари, додека и со две утки има причина за задовилство за сите прогнозери, кои ќе добијат ваучер од 500 денари и за 11 погодени натпревари.

Стартот е во 15.30 часот со двата меча од Бундеслигата меѓу Фрајбург и Штутгарт и Баер Леверкузен против Волфсбург и до тој термин можете да се вклучите во 20. коло на бесплатната игра.

Дербито на колото повторно е дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул. Двата англиски гиганти повторно ќе играат меѓу себе во краток рок, овојпат во ФА купот во недела од 18 часот.

Сега улогите се сменети и Ливерпул ќе биде гостин на „Олд Трафорд“, откако првенствениот меч минатиот викенд на „Енфилд роуд“ заврши без победник и без голови.

Покрај големото англиско дерби кое е во фокусот на популарната Тринаесетка, има уште многу интересни двојки.

Милан ќе треба да преброди уште еден голем предизвик против опасната Аталанта, а дерби има и во Франција меѓу Монако и Марсеј.

Не ги заборавајте и резервните двојки кои носат поени за Генерален пласман, а шампионот во третата сезона на Спортска прогноза ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи.

Играта е бесплатна веќе трета сезона во организација на Sport Life и на Спорт Манија и можете да се вклучите и денеска, да прогнозирате, да се забавувате и да очекувате бројни награди.

 

- Оглас -

Најнови вести