Колштад го растури ПСЖ, Веспрем без проблеми на гостувањето во Словенија

Еден очекуван и еден неочекуван резултат е билансот од двата натпревари кои се одиграа попладнево во ракометната Лига на шампиони.

Норвешкиот шампион, Колштад, изненадувачки и убедливо го совлада ПСЖ со 36-31. Норвежаните со оваа победа само дополнително ги искомплицираа работите во групата во која е и Еурофарм Пелистер. ПСЖ во мечот тргна според планот и имаше водство на полувремето од 14-16. Сепак, во вториот дел следуваше комплетен пресврт на домашните, кои го добија полувремето со 22-15 за конечни 36-31.

Екипата на Веспрем без посериозни проблеми мина на гостувањето во Словенија и го совлада Цеље со 33-40. Победникот се наѕираше уште по првото полувреме кое Унгарците го добија со 17-22.

- Оглас -

Најнови вести