Колумбијците останаа без Копа Америка, единствен домаќин ќе биде Аргентина

Официјално, Колумбија мораше да се откаже од организација на претстојното првенство на Јужна Америка, популарната Копа Америка, па ова натпреварување ќе се одржи само во Аргентина.

Копа почнува на 11 јуни и ќе трае до 10 јули. Во Колумбија има голем број заразени со корона-вирус, а беснеат и политички протести, па од безбедносни причини, КОНМЕБОЛ одлучи таа земја да не биде домаќин годинава, туку во некоја друга прилика.

Во Колумбија требаше да се играат 15 меча, па сега Аргентинците треба да одредат дополнителни стадиони на кои ќе се играат дуелите од Копа Америка. И пред 10 години Аргентина сама беше домаќин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести