Колумбиските герилци го ослободија таткото на Луис Дијас (Видео)

Колумбискиот репрезентативец и член на англискиот Ливерпул, Луис Дијас, може да здивне откако по речиси двонеделна драма и неизвесност, денеска е ослободен неговиот татко.

На 28 октомври герилците на Националната ослободителна армија (ЕЛН) ги киднапираа родителите на Дијас. Неговата мајка за брзо време беше ослободена, но татко му беше однесен во непознат правец и задржан дури 13 дена. Денеска беше ослободен и со хеликоптер вратен на сигурно.

Засега не се открива дали фудбалерот на Ливерпул платил пари за неговиот татко да биде ослободен, но на фотографиите кои се појавија по неговото ослободување се гледа дека постариот Дијас е во добра здравствена состојба. Киднапираниот Дијас бил вратен на сигурно опкружен со голем број полицајци и членови на војската на Колумбија.

 

- Оглас -

Најнови вести