Комбинација од репрезентативен и клупски фудбал со изразити фаворити на сите натпревари (Фото)

6162 Шкотска У19 – Азербејџан У19 (19:00)

Младите фудбалери од Шкотска се големи фаворити во дуелот против врсниците од Азербејџан и токму затоа се очекува нивна победа вечерва. Натпреварите на младите селекции секогаш се ефикасни, па така се очекува да биде и на овој дуел. Селекцијата на Шкотска на последните четири натпревари игра најмалку со два гола по меч, додека кај Азербејџан тоа е случај на последните пет натпревари.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II  (1.95)

 

6203 Израел У21 – Германија У21 (18:00)

Репрезентацијата на Германија за фудбалери до 21 година е на првото место во квалификациската група за пласман на Европското првенство, но сè уште го нема обезбедено пласманот на континенталниот собир. За разлика од нив, Израел е последен со нула бодови, па младите германски фудбалери немаат право на кикс на мечот кој ќе се одигра во унгарскиот град Ѓер.

Предлог тип: 2 & 3+  (1.63)

 

6718 Осијек (Ж) – Спартак М. (Ж) (17:00)

Денес се играат голем број натпревари од квалификациите за женската Лига на шампиони, а еден од нив е оној помеѓу шампионите на Хрватска и Словачка, Осијек и Спартак Мијава. Хрватскиот шампион е организатор на турнирот и ја има услогата на фаворит, па од нив се очекуваат голови во првото полувреме, но и воопшто на целиот натпревар.

Предлог тип: : Т1 1+I & Т1 3+  (1.86)

 

6736 Мароко У20 (Ж) – САД У20 (Ж) (03:00)

Младите американски фудбалерки загубија на првиот меч од Светското првенство, па дуелот против Мароко е одлична можност за нив да ја забележат првата победа и да се вратат во игра за пласман во следната фаза. Американките одиграа навистина ефикасно во подготвителните мечеви, на кои паднаа вкупно 14 гола на четири натпревари, што е висок просек, па таа игра се очекува да биде пресликана и на дуелот против Мароко.

Предлог тип: 2-2 & 3+  (1.69)

 

3429 Бенесов – Пишек (17:00)

Дуел на четвртолигаш и третолигаш во Купот на Чешка, на кој се очекуваат голови во двете полувремиња. Чешките нисколигаши важат за ефикасни екипи и головите се неизбежен декор на нивните натпревари. Бенесов на последните пет натпревари игра најмалку со два гола по меч, додека Пишек игра најмалку со два на 17 од последните 18 натпревари.

Предлог тип: 1-3I&1-3II  (1.68)

- Оглас -

Најнови вести