Комедија: Дали е ова најлошо изведениот корнер во историјата на топ фудбалот? (Видео)

Фудбалерот на Васко да Гама, Леонардо Жил, стана цел на потсмев по социјалните мрежи по катастрофално изведениот корнер на мечот од Судамерикана против Каракас од Венецуела. Бразилскиот гигант на реваншот во Венецуела оди со предност од 1-0, но главна ѕвезда не беше стрелецот на голот Тијаго Реис, туку малерот Жил.

Жил имаше некаква идеја за додавање, но сето тоа заврши на непосакуван начин, па сега многумина му се смеат и се чудат како можеше толку лошо да го изведе ударот од аголот. Погледнете што направи Жил и каде заврши топката:

https://www.youtube.com/watch?v=oWBGW7opfGE

- Оглас -

Најнови вести